При гранична контрола и проверка на Граничен премин Табановце полициски службеници лишиле од слобода лице од Косово, бидејќи, како што информираат од МВР, на увид дал италијанска возачка дозвола за која било утврдено дека е фалсификувана.
-Денеска (02.03.2024) во 02.45 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода З.Г.(39) од Косово. При гранична контрола и проверка, тој на увид дал италијанска возачка дозвола за која било утврдено дека е фалсисфикувана. Лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка, информира МВР во дневниот Билтен