Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.Н.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавениот, вработен како теренски продавач во приватна фирма, во период од 04.03.2021 до 10.05.2023 во повеќе наврати задржал за себе производи наменети за продажба во угостителски објект, при што нанел материјална штета на правното лице во износ од 707.203 денари.