Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против А.Б.(63) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

- Пријавениот во текот на 2023 година на катастарска парцела „Манастирец“ во општина Центар Жупа, сопственост на АД „ЕСМ“- Скопје, извршил доградба на веќе изграден објект за кој, немал соодветна документација, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Месноста Манастирец, попозната како „три чешми“ се наоѓа патниот правец Дебар-Струга, на брегот на Дебарско Езеро.

Во последните години со запоседнување на имот сопственост на ЕСМ и на МПЦ-ОА (Бигорски манастир) изградени се голем број објекти, главно на жители од Скопје и Косово.