На територија на Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 145 мерки за прекршоци од областа на сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се изречени 17 санкции за брзо возење, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет мерки за некористење на сигурносен појас...

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.