На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 145 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет мерки за некористење на сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.