Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 186 возачи.

Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 111 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 75 надвор од населено место, соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.