Кумановската полиција вчера попладнето во 17.15 часот во Куманово, го лишила од слобода А.Ф.(45) од Куманово, кој се сомничи дека извршил повеќе кражби од возила и приватни имоти во Куманово.
Како што информираат денеска од МВР, А.Ф. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.