СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.А.(35) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-На 15 мај 2023 година, пријавениот поднел барање за издавање на дупликат патна исправа поради промена на податоци, а притоа сокрил дека патната исправа му била одземена на Граничен премин Прешево, се посочува во попладневниот билтен на МВР.