СВР Тетово поднесе кривични пријави против Ј.Ш.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени две кривична дела „измама“.
Во текот на 2022, пријавената измамила две лица дека за пари ќе им извади странски патни исправи, при што едното лице и платило 25.800 денари, а другото лице 2.000 евра.