Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 17 часот и 30 минути на улица „Илинденска“ во Гостивар го лишиле од слобода Џ.А.(64) од Виница, соопштија денеска од МВР.

Тој се сомничи дека претходно во трговски објект на истата улица одзел повеќе предмети.

Во соопштението се додава дека тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.