Триесет и осумгодишниот скопјанец Б.Р., вчера во 9:15 часот бил приведен на улицата „Гоце Делчев“ во Неготино од страна на полициски службеници од ОВР Неготино.

Како што соопшти денеска МВР, тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од две години за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

Б.Р. бил спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.