Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на државава за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 207 возачи.

Од нив, како што соопшти денеска МВР, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возилo се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 94 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.