Штипската полиција го лишила од слобода Н.С.(43) од село Горни Подлог, кочанско.
-При претрес во неговиот дом во село Горни Подлог, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, машинка за изработка на цигари, воздушен пиштол калибар 4,5 мм и повеќе дијаболи калибар 4,5 мм за кои не поседувал документација, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против Н.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.