Полиција привела неготинец агресивен кон мајка си, лишен бил од слобода кавадарчанец поради над сто таблети екстази, информираа денеска од СВР Велес.
- Вчера во 11.05 часот на улица „Васка Калајџиска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Б.П.(36) од овој град, затоа што на јавно место се довел во алкохолизирана состојба и агресивно се однесувал кон неговата 51-годишна мајка. Б.П. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека синоќа во 21.00 часот на улица „Гоце Делчев“ во Кавадарци, полициски службеници за недозволена трговија со дрога од ОВР Кавадарци, го лишиле од слобода Ј.Ф.(23) од овој град.
- При прегледот кај него биле пронајдени и одземени 100 таблети екстази. По издадена наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени 33 таблети екстази и пари. Ј.Ф. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од Секторот за внатрешни работи Велес.