Во рамки на акциската контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата вчера казни 260 возачи.

Од нив, како што информираат од МВР, 18 возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час поголема од дозволеното. Притоа, 100 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место.

Од МВР највуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта