МВР информира дека вчера во 12.40 часот во селото Ерџелија, Светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода А.Т.(23) од село Ерџелија.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана, други предмети со остатоци од марихуана и кутија со пиротехнички средства.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.