Во Куманово синоќа во 22.10 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода кумановецот Д.Д.(32), соопштија денеска од МВР.

Тој се сомничи дека претходниот ден од приватен имот на улицата „Салтир Наумов" во Куманово одзел повеќе предмети. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.