Атлетико Мадрид започна преговори со Хулијан Алварез. Напаѓачот е незадоволен од својот статус во Манчестер Сити и сака да си замине.

„Јорганџиите“ имаа неколку средби со претставниците на играчот, но се уште не преговарале со „граѓаните“.

Диего Симеоне е многу заинтересиран да потпише со својот сонародник. Тој сака да донесе напаѓач откако Алваро Мората беше продаден на Милан.

Атлетико подготвил 5-годишен договор за Алварез.