Фудбалерите на Реал Мадрид, Џуд Белингем и Винисиус Јуниор добија зголемување на платата, објави денеска весникот „Л’Екип“.

Според истиот извор, Белингем и Винисиус сега добиваат иста плата како и француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе.

Одлуката да им ги зголеми платите на двајцата играчи раководството на шпанскиот клуб ја донесе со цел да нема тензија во соблекувалната.

Белингем, Винисиус и Мбапе сега имаат иста плата, и заработуваат 15 милиони евра годишно.