Управата на Ливерпул почна преговори со одбранбениот фудбалер Ибрахима Конате за нов договор, објави новинарот Фабрицио Романо.
Премиерлигашот го гледа 25-годишниот Французин како еден од клучните фудбалери на тимот и сака да го задржи.
Конате игра за Ливерпул од јули 2021 година. Во тековната сезона постигна два гола и направи една асистенција на девет натпревари за тимот во сите натпреварувања.
Договорот на Конате со Ливерпул е до крајот на јуни 2026 година