Трент Александер-Арнолд пред дуелот со Фулам во интервју за „Скај спортс“ разговараше на различни теми. Трент уште еднаш го пофали новиот тренер и дека секојдневно има насмевка на лицето поради начинот на кој Арне Слот гледа на фудбалот.

Се зборуваше и за претходниот дел од сезоната, размислувањата на играчите пред заминувањето на Јирген Клоп, предизвиците, но и за она што најмногу ги интересира навивачите на Ливерпул - преговорите за нов договор.

-Во клубот сум 20 години. Досега имам потпишано четири или пет продолженија на договори. Ниту еден од тие договори не е објавен во јавноста, рече Трент и посочи во која насока размислува: „Нема да биде објавен ниту овој“.