Во беровско Русиново, денеска се одржа чествување по повод 118 годишнината од смртта на македонскиот илинденски великан и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација, Даме Груев.

Во чест на 118- годишнината од смртта на Даме Груев, пред неговата биста цвеќе положи делегација на Општината предводена од градоначалникот Звонко Пекевски, претставници на Советот и други институции и граѓани.

Пред присутните, во центарот на село Русиново, беше прочитан реферат за неговиот живот и дело.

- Водејќи се од девизата „Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај”, Даме Груев е запишан во македонската историја, како еден од најголемите македонски револуционери и најистакнати членови на Македонската револуционерна организација, беше кажано во рефератот пред споменикот на Груев.

Споменот за Даме Груев, како што беше потенцирано, е вечен, а неговиот лик и дело се гордост, за сите кои го почитуваат неговото дело.

Големиот македонски револуционер Даме Груев, загинува на 23 декември 1906 година, во борба кај месноста Петлец, близу с. Русиново