Оваа година за Февруари месецот на ретките болести 2025 година ги повикуваме сите да и помогнат на заедницата за ретки болести да се обедини со ланец светла низ целиот свет.
Како и секоја година,така оваа година се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици. Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво.
Дали знаете дека Самуоловата тврдина изминативе две години беше ПРВ ОСВЕТЛЕН ОБЈЕКТ ВО СВЕТОТ ВО БОИТЕ НА РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ?
Доаѓа најреткиот месец во годината кога по трет пат на светот можеме да му покажеме дека Охрид и Македонија повторно можат да се примат!
Повторно да ја покажеме нашата рекост и нашите бои за 350 000 000 пациенти со ретки болести низ целиот свет!
Да блескаме и овој февруари!