Амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Метју Лосон денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, на која разговарале за привлекување англиски инвестиции и во кои сфери може да се зајакне соработката меѓу двете држави.
Градоначалникот Јорданов на амбасадорот Лосон му го презентираше проектот за доизградба на новата Клиничка болница-Штип.
-Од суштинско значење за нас како град, е доизградбата на штипската Клиничка болница, бидејќи во неа се дават здравствени услуги во целиот регион и верувам во намерите на Владата којашто вложува напори да се обезбеди инвеститор за завршување на изградбата на Клиничката болница, вели Јорданов.
Амбасадорот Лосон истакна дека е оптимист за привлекување на инвестиции од неговата земја во Република Северна Македонија.
-Имаме неколку инвеститори, одлични инвеститори имаме тука, секогаш можеме и се надевам дека ќе можеме поголеми инвестиции од Велика Британија. Во вашиот град имате многу инвестиции, многу позитивни аспекти и бизнис и јас сум голем оптимист за вашиот град, рече Лосон.
Британскиот амбасадор Лосон денеска го посети и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.