Во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, која е значаен електроенергетски капацитет, во периодот јануари-март произведени се 48.971.000 киловат часови електрична енергија, што претставува остварување на годишниот план за околу 19 отсто.
- Просечен дотек во изминатите денови од овој месец од локален слив е околу 41 кубни метри во секунда. Моментната кота на акумулацијата на Дебарско Езеро е 568,45 метри, што претставува резерва во акумулацијата за производство на 14.920.000 киловат часови, потврдија за МИА од ЕСМ.
Додадоа дека врнежите во последните три недели поволно влијаеа на зголемување на водостојот, со што се придонесе за покачување на котата на Дебарско Езеро за цели 5 метри.
Минатата година вкупното производство изнесувало е 233.045.000 киловат часови што претставува 87 отсто реализација на годишниот план.
Хидроелектраната „Шпилје“, која заедно со ХЕ „Глобочица“ го сочинуваат хидроенергетскиот систем (ХЕС) „Црн Дрим“ во ноември минатата година одбележа 55 години од нејзиното ставање во функција, од кога во електроенергетскиот систем испорачала 14.799,19 гигаватчасови електрична енергија.
Средното годишно производство е 275 милиони квч а максимално годишно производство е забележано во 2010 година, кога беа произведени 519 милиони квч.