Општина Охрид и Јавното претпријатие „Градски пазар“ и оваа година го организираат традиционалниот„Велигденски базар“, настан со забавна содржина и хуманитарен предзнак.
На базарот предвиден да се одржува од 11 часот на Плоштадот „Крушевкса Република“ кај Стариот чинар, најавено е учество на охридски занаетчии, производители на домашна традиционална храна и трговци кои продаваат велигденски украси.
На базарот ќе бидат изложени и креативните велигденски изработки на најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“, на ученици од општинските основни и средни училишта, на младите од Младинскиот центар и волонтерите на Оопштинската организација на Црвениот Крст.
Во духот на најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден финансиските средства што ше бидат собрани на манифестацијата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.