Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (MEXT) на Јапонија објави повик за доделување студентски стипендии за македонски граѓани кои сакаат да комплетираат додипломски студии или истражување во Јапонија.
Како што денеска соопштија од Амбасадата на Јапонија, кандидатите треба да ги поднесат своите документи не подоцна од 16-ти мај. Одбраните кандидати ќе бидат поканети на тестирање во јуни.
За повеќе информации за стипендиите на страната на амбасадата https://www.mk.emb-japan.go.jp/itprtop_en/index.html