Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска со неговиот домаќин, градоначалникот на Пула, Хрватска, Филип Зоричиќ, потпишаа Меморандум за пријателство и соработка меѓу двата града.
Како што посочи Пецаков на неговиот фејсбук-профил, „богатството на човекот се мери според бројот и квалитетот на пријателите што ги има, а Општина Охрид од денес е побогата за уште еден пријател“.
За потпишаниот Меморандум градоначалникот на Охрид рече дека ги обврзува двете страни во рамки на своите можности и надлежности, да соработуваат во областите на економијата, културата, образованието, туризмот, науката и истражувањето, информатичките технологии, младински прашања, здравство и социјална политика, јавни услуги, заштита и зачувување на културното наследство, заштита на природната средина, спорт и други области од заемен интерес.
- Ова поврзување со Пула е од особено значење за нас бидејќи ќе имаме можност да ги користиме нивните искуства во изработката и поднесувањето на проекти до eвропските фондови, искуствата во надоградувањето на концептот ‘Паметен град’ , развојот на туризмот и други области клучни за нас, вели Пецаков во неговиот статус