Министерството за образование и наука информира дека Романската агенција за инвестиции и надворешна трговија започна програма за доделување 40 стипендии за странски државјани за академската 2025/2026 година.

-Сите потребни информации за овие стипендии заинтересираните кандидати може да ги најдат на веб-страницата https://arice.gov.ro/1/burse-2025/, наведува МОН во објавата.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 15 мај 2025, само во електронски формат, на е-адресата: scholarships2025@arice.gov.mk