Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска даде поддршка на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за дивечот и ловството и на Предлог-законот за изменување на Законот за фитофармација, двата во прво читање.

Измените и дополнувањата на Законот за дивечот и ловството се со цел да се овозможи непречено спроведување на постапката за доделување на дивечот во ловиштата на користење и за допрецизирање на законските одредби за олеснување на постапката за известување за полагање на ловечки испит.

Се врши и усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Со Предлог законот за изменување на Законот за фитофармација, пак, треба да се обезбедат олеснети услови за продолжување на работата на постоечките економски оператори. Треба да се овозможи скратување на административните процедури, ангажирање на стручни лица во Стручната комисија согласно измените во новата Уредба за утврдување на научно-истражувачките полиња од трето ниво(области), се даваат определени права и обврски на научно-истражувачките институцији и се дефинират постапката и видот на документација кој е предмет на обработка со добивање на карактер на деловна тајна кое е директно поврзано со понатамошно дејствување на постоечките економски оператори.

- Со член 1 се усогласува степенот на образование и квалификациите, а се утврдува рамка за постигнување на одржлива употреба на фитофармацевтските производи со намалување на ризиците и влијанијата од нивната употреба врз здравјето на луѓето, животните и животната средина и следење на принципите на интегрирана заштита на растенијата. Се менува член 5 за работа на комисијата од Законот за фитофармација, а со предложените изменувања се усогласува со Уредбата за утврдување на научно-истражувачките полиња од трето ниво (области) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.91/24) каде се утврдуваат научно-истражувачките полиња од трето ниво (области), како дополнување на двете нивоа на Меѓународната Фраскатиева класификација и истата е од суштинско значање за трговијата и прометот со пестициди. Профилот на образование и достигнувањата во научно истражувачките полиња на членовите на комисијата и знаењето од областа на фитофармацијата, фитомедицината и одржливата употреба на фитофармацевтските производи е согласно со измените и дополнувањата на Уредбата за утврдување на научно - истражувачките полиња од трето ниво (области), стои во предлог законот.

Се предлага и намалување на бројот на членови на Стручната комисија - од 15 на 13 члена.

Според Предлогот, со измени во член 2 треба да се надминат настанатите проблеми и да се спречат поголеми нарушувања во стопанството односно да се стави под контрола пазарот со фитофармацевтски производи. Измените се во делот на скратување на роковите од 120 дена на 60 дена во интерес на решавање и поедноставување на постапка за одобрување и пуштање во промет на фитофармацевтски производи. Со измените во член 3 се предлага фитофармацевстките производи за кои определена земја има донесено одлука решението за одобрување /авторизација на фитофармацевтскиот производ да биде поништено, изменето, необновено по барање на подносителот на барањето или по службена должност, Фитосанитарната управа да одреди период за отстранување, складирање, ставање во промет или употреба на постоечките залихи на фитофармацевтскиот производ. Се дава правен основ на Фитосанитарната управа да донесе решение за поништување на решението за одобрување/авторизација на производот, а се определува мерка каде Фитосанитарната управа нема да има право да издаде ново решение за увоз/набавка на овој производ.