Продолжува традицијата на одржување на познатиот фестивал „Д-фест“ во Дојран, но сега со ново име „Дојран Д-фест“, откако се прекина успешната долгогодишна соработка со претходната продукција, објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.
Годинашното 15 издание, ќе се одржи на 25, 26 и 27 јули, а Фестивалот ќе биде во ист формат и стил како и досега.
- Ќе има камп зона, во градскиот парк ќе има две сцени со целодневна програма, а главната сцена ќе биде на паркингот на „Гранит“ каде ќе настапат познатите музички имиња. Засега договорени се Сенида, ДЏ Мосел, ДЏ Диволи, ДЏ Никифор, ДЏ Јоргос. Со тек на време ќе бидат објавувани и другите артисти кои ќе настапат на овој фестивал кој треба да прерасне и во балкански, информираше Ангов.
Градоначалникот потпиша меморандум за соработка со „Висуал продакшн“ од Струмица, која е нов организатор. Се планира Општина Дојран и „Висуал продакшн“ да потпишат Договор за организирање на овој фестивал во наредните пет години и Советот на Општината да донесе одлука во последен момент да не може да се дислоцира фестивалот како што се случи годинава.