Трета година по ред, португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо е на врвот на годишната листа на „Форбс“ за најплатени спортисти, со заработка од 275 милиони долари.

Фудбалерот на саудиски Ал Наср ги зголеми своите приходи за 15 милиони долари во споредба со претходната година. Само боксерот Флојд Мејведер заработил повеќе од Роналдо за една година, инкасирајќи 300 милиони долари во 2015 година и 285 милиони долари во 2018 година.

На второто место на најновата годишна листа на Форбс е кошаркарот на НБА лигашот Голден Стејт, Стивен Кари, со 156 милиони долари, додека британскиот боксер Тајсон Фјури е на третото место со 135 милиони долари.

Квотербекот на Далас, Дак Прескот, се искачи на четвртото место со заработка од 137 милиони долари, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси е на петтото со годишна заработка од 135 милиони долари