Актуелниот фудбалски шампион на Англија, Ливерпул, одбраната на трофејот ќе ја почне на домашен терен со Борнмут. Натпреварот е закажан за 15 август и со него ќе биде означен почетокот на сезоната 2025/26.

Двојките за другите натпревари од 1.коло се:

16 август, сабота: Астон Вила – Њукасл Брајтон – Фулам Нотингем Форест – Брентфорд Сандерленд – Вест Хем Тотенхем – Барнли Вулверхемптон – Манчестер сити.

недела, 17 август: Челзи – Кристал Палас Манчестер јунајтед – Арсенал.

понеделник, 18 август: Лидс – Евертон.

Последното 38. коло ќе се одржи на 24 мај 2026 година. Во првенството ќе се одиграат вкупно 380 натпревари.