Казна од 1.08 милиони фунти му изрече Премиер лигата на Манчестер Сити поради доцнење на почетоците на вторите полувремиња.
Премиер лигата образложи дека фудбалерите на Сити изминатата сезона не се појавиле навреме на почетокот на второто полувреме на дури девет натпревари.
„Правилата поврзани со почетокот на првото и второто полувреме мора да бидат на највисоко ниво на професионализам за да се обезбеди безбедност за навивачите и клубовите што играат. Исто така, на тој начин се гарантира дека секој натпревар од Премиер лигата ќе се емитува според распоредот“, објави Премиер лигата во образложението за казната.
Манчестер Сити, кој минатата година беше казнет со два милиони фунти од истата причина, се извини за кршењето на правилата и додаде дека ги потсетиле своите играчи и персоналот на нивните одговорности според правилата.