Џабари Паркер (30) е подготвен за нов предизвик во својата кариера.
Американски крилен напаѓач ја напушти Барселона за да ја продолжи кариерата во Партизан.
Српскиот клуб официјално објави дека потпишал двегодишен договор со играчот избран на НБА драфтот во 2014 година.
Во 39 натпревари со каталонскиот тим во Евролигата минатата сезона, тој имаше просек од 27,3 минути по натпревар, 13,8 поени, 4,0 скока и 1,7 асистенции