ФИФА објави листа на топ 10 фудбалери кои сметаат дека треба да играат во Катар, Пандев меѓу нив
Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) во пресрет на утрешниот почеток на квалификациите за Мундијалот 2022 во Катар објави денеска листа со десет фудбалери, кои со својот квалитет заслужуваат настап на Светското првенство, вклучувајќи го меѓу нив и македонскиот капитен Горан Пандев.