Ограничен број гледачи се враќаат на спортските натпревари во Англија од идниот месец
Британската Влада донесе одлука за ублажување на дел од мерките во врска со присуството на спортски настани на отворено – од 2 декември дел од спортските објекти, вклучително и фудбалските стадиони, ќе бидат отворени за гледачите. Планот е веќе одобрен, а подоцна вечерва, премиерот Борис Џонсон ќе го објави тоа во јавноста.