Милан го победи Наполи со 3:1 во дерби-натпреварот од 8. коло на Италијанскиот фудбалски шампионат.

На дуелот одигран синоќа во Неапол, Златан Ибрахимовиќ постигна два гола за миланезите, уште еден погодок постигна Јенс Хауге.

Кај домаќините реализира Дрис Мертенс.

Во 65-та минута, играчот за врска на Наполи, Темуе Бакајоко беше исклучен поради втор жолт картон.

По овој натпревар, Милан со 20 бода е лидер на табелата во Серија А, Наполи со 14 бода е на шестото место.


Администратор
23/11/2020 11:13