Меси и Нејмар го делат 4. место во гласањето на УЕФА за играч на годината, Роналдо е 10-ти
УЕФА ги објави резултатите од гласањето на новинари и тренери за признанието играч на годината во Европа. Во гласањето учествуваа 80 тренери од клубовите учесници во групната фаза на ЛШ на УЕФА 2019/20 (32) и Лига Европа 2019/20 (48), како и 55 новинари од сите асоцијации на УЕФА, избрани од европската асоцијација на спортски медиуми.