Премиерлигашот Тотенхем започна преговори со Интер за дефанзивецот Милан Шкрињар.

Според новинарот Фабрицио Романо, 25-годишниот словачки репрезентативец е една од главните цели на тренерот на Спарс, Жозе Мурињо.

Италијанскиот клуб е подготвен да се раздели со играчот за 60 милиони евра. Тотенхем очекува клубот од Милано да ја намали цената.

Во сезоната 2019/20, Шкриниар настапи на 42 натпревара на сите турнири и забележа две асистенции.