Навас соопшти кога ќе го напушти „Бернабеу“
Резервниот голман на Реал Мадрид, Кејлор Навас не сака ни да помисли на заминување. По пристигнувањето на Тибо Куртоа и особено на Сантијаго Солари, националниот голман на Костарика седна на клупата. Тој се очекуваше да го напушти тимот овој месец, но вчера Белгиецот се повреди, а Навас се врати под рамката.