Резервниот голман на Реал Мадрид, Кејлор Навас не сака ни да помисли на заминување. По пристигнувањето на Тибо Куртоа и особено на Сантијаго Солари, националниот голман на Костарика седна на клупата. Тој се очекуваше да го напушти тимот овој месец, но вчера Белгиецот се повреди, а Навас се врати под рамката.
– Кога ќе дојде моментот, кога веќе нема да верувам дека можам да бидам прв избор, ќе заминам, рече голманот.
Поранешниот играч на Леванте се согласи да го обнови договорот со клубот од „Бернабеу“ за уште една сезона до летото 2021 година.
– Како фудбалер, можам само да тренирам, да работам на ниво и кога ќе добијам шанса, да го искористам тоа. Играчите мора да бидат мирни и да чекаат за такви ситуации. Не знам колку долго ќе се лекува Куртоа, но морам да покажам дека заслужувам да бидам во Реал. Се гледам тука уште многу години, рече голманот.
Денес Навас лично беше награден од кралот на Шпанија, Фелипе VI со одличјето „Ибероамерикана“.