Куртоа се повреди, Навас се враќа на голот на Реал
Голманот на Реал Мадрид – Тибо Куртуа, добил мускулна повреда. Така тој ќе биде аут од терените најмалку 10 дена, откако ќе ги пропушти двата дуели против Леганес за Кралскиот Куп, како и натпреварот со Бетис во Ла Лига.