Легендарниот фудбалер на Барселона, а сега играч од средниот ред на јапонски Висел Кобе, Андрес Иниеста, ги коментираше гласините за можно враќање на Нејмар во каталонскиот тим.

Секогаш сум зборувал, сега сум подготвен да повторам дека ова е еден од најдобрите фудбалери во светот. Секој тим би сакал да го има во составот, но не можам да си го замислам неговото враќање во Барселона, изјави Иниеста за „Мундо Депортиво“. Нејмар играше за Барселона од 2013 до 2017 година. Дваесет и шестгодишниот Бразилец се пресели во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.