Навас сака да си оди од Реал
Голманот на Реал Мадрид, Кајор Навас, размислува да го напушти клубот во јануари. По се изгледа дека Костариканецот го загуби почетното место во тимот по доаѓањето на Тибо Куртоа. Тоа не му се допаѓа на 31-годишниот голман кој веќе размислува варијанти за промена на средината.