Животната драма на некогаш најплатениот фудбалер во светот: „Има психолошко нарушување, самиот може да си наштети“
Поранешниот аргентински репрезентативец, Езекиел Лавеци (38) во последните два месеци ги минува најтешките моменти во животот. По неколку хоспитализации, неодамна тој заврши на психијатрија. Беше избоден со нож во декември, а неколку недели по закрепнувањето се предозира.