Мирослав Хованчик: Може да се очекува нов голем мигрантски бран кон Европа
Мирослав Хованчик, експерт во Одделот за анализа на ризик и статистика во Министерството за внатрешни работи на Словачка, вели дека може да се очекува нов голем мигрантски бран кон Европа, но не само од воените зони на Блискиот Исток, туку и од Западна Африка, каде што луѓето таму се соочуваат со последиците од глобалното затоплување. Посочува и дека освен западнобалканската, се отвораат и други мигрантски маршрути.