Професорот кој бараше прекин на преговорите со Грција, сега референдумот го смета за четврт Илинден
Идентитетот можеби малку ќе се чепне, но нема да го изгубиме, референдумот и договорот со Грција за мене се четвртиот Илинден, вели професорот- социолог, Илија Ацески. Истиот професор не мислеше вака кога во периодот пред договорот, 200 интелектуалци се потпишаа на писмото, со кое бараа од Владата да ги прекине преговорите со Грција.