Царовска во Илинден: Младинската гаранција ги активира младите на пазарот на труд
Унапредување на социјалните услуги за граѓаните, интензивирање на борбата за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост во државата, социјалната реформа, но и Гаранцијата за млади беа темите на кои министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, разговараше со жителите на општина Илинден.