Власта „За“, меѓународните претставници повикуваат да се гласа, ВМРО-ДПМНЕ се уште нема став
Огромен процент од граѓаните ќе се изјаснат „За“ на претстојниот референдум, и впрочем и дури и тие што се против, се со мали минорни бројки и тоа е дел од таа кампања што постои во Македонија, предводена од „Бојкотирам“, изјави премиерот Зоран Заев по формалното отворање на кампањата на ЕУ „Замисли иднина заедно!“.